ИЗВЕСТУВАЊА

Почитувани, Ве информираме дека уплатата за судиска такса и спортска легитимација за 2022 година, се уплаќа на жиро сметка на МРФ најдоцна до 31.03.2022 година. Во прилог може да го преземете моменталниот список на судии на МРФ. Председател на судиска комисијаЛазар Лазаровски
Почитувани, Во прилог може да го преземете Записникот од одржаниот испит за спортско - риболовен судија во организација на Македонска Риболовна Федерација. Со почит, МРФ
ИЗВЕСТУВАЊЕ Поради меѓународен натпревар во кајакарство што ќе се одржи на река Треска во Матка, закажаните натпревари во Спин лига 2022 што требаше да се одржат во деновите: 1 – 2 коло19.03.2022 и 20.03.2022 3 – 4 коло26.03.2022 и 27.03.2022 истите се презакажани за: 1 – 2 коло09.04.2022 и 10.04.2022 3 – 4 коло16.04.2022 и 17.04.2022 Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Согласно одлуката на Управен одбор на МРФ од 10-тата седница одржана на 19.02.2022, огласуваме лицитациона продажба на службено возило Фиат Добло, сопственост на МРФ, со почетна цена од 500 евра. Понуди имаат право да дадат само риболовни здруженија кои се членки на МРФ. Понудите да се достават до техничката служба на МРФ, најдоцна до 14.03.2022 година, во затворен плик, со назнака “ПОНУДА ЗА ФИАТ ДОБЛО“, без други информации на пликот. За дополнителни информации обратете се до техничката служба на МРФ. Со почит, Македонска Риболовна Федерација.  
Почитувани, Во прилог може да ја преземете Програмата за полагање на испит за спортско-риболовни судии. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Во прилог може да ја преземете Предлог листата на рангирани спортски клубови за 2022. Со почит, МРФ
Почитувани, Ве молиме за сите нови легитимации да го користите Единечниот евиденциски лист кој се наоѓа во прилог, согласно Законот за заштита на лични податоци. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Во прилог може да го преземете Огласот за доделување на средства од Фондот за развој на рекреативниот риболов во Република Македонија. Правилникот за доделување на средства од Фондот за развој на рекреативниот риболов може да го погледнете и во делот “Правилници на МРФ“ на главното мени. Со почит, Македонска Риболовна Федерација

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00