НАТПРЕВАРИ
Од 23 до 26 јули 2026 година, на Мавровското Езеро се одржа 17. Јадранско-подунавски куп во крапски риболов.Во организација на Македонската риболовна федерација, настапија 21 екипа од шест држави.Учествуваа екипи од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија. Вкупно беа уловени 223 крапа, со вкупна тежина од 595,79 килограми. Првото место го освои УСР „Барица“ од Србија, со улов од 109,50 кг.Второто место ѝ припадна на РД „Мурска Собота“ од Словенија, со 82,67 кг.Третопласирана беше екипата „Барфин Лине“ од Бугарија, со 62,26 кг. Најголемиот крап, со тежина од 8,35 кг, го улови македонската екипа „Спорт Фишинг Сарај“. МРФ им честита на победниците и им се заблагодарува на сите учесници за спортскиот дух и ферплејот. Посебна благодарност упатуваме до…
Од 2 до 6 септември 2026 година, Мавровското Езеро беше домаќин на 26. Светско првенство во крапски риболов.Во организација на Македонската риболовна федерација, првенството обедини 33 национални репрезентации од целиот свет.За првпат Македонија беше домаќин на светско првенство во спортски риболов – значаен момент за нашиот спорт. Првенството помина во знакот на натпреварувачкиот дух, ферплејот и дружењето меѓу учесниците.Светската титула ја освои Украина, второто место ѝ припадна на Унгарија, а третото на Литванија.МРФ им честита на победниците и на сите репрезентации за покажаната посветеност и спортски дух. Овој настан беше можност пред светската риболовна јавност да ги претставиме Маврово и природните убавини на Македонија.Упатуваме голема благодарност до Министерството за спорт, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Националниот парк Маврово и…
На 03 и 04.10.2026 на реката Треска се одржа V Јадранско-подунавски куп. Настапија 17 екипи од 6 земји, кои за два дена уловија вкупно 1676 риби.1. Чешка 12. Македонија 1 (Давор Рашиќ, Марио Бошковски, Борис Аговски)3. Хрватска 1Поединечен победник е Филип Мусил од Чешка, кој победи во својот сектор и двата дена. Втор е Јан Либјак од Чешка, а трет Петар Лаков од Бугарија, кој улови и најмногу риби, вкупно 75. Честитки на победниците и благодарност до сите натпреварувачи, судиите и организаторите!Посебна благодарност до сите спонзори и поддржувачи кои помогнаа за одржување на натпреварот, Град Скопје, ЈП Паркови и зеленило, Грин тим од Битола, Виталиа, Горска, Колид С-тим, Вендора, Лакталис и Атлантик.Македонска Риболовна Федерација.
На 24-25.05.2025 се одржаа првите 2 кола од Државна мушичарска лига на Македонија за 2025 година, на реката Треска (Скопска). Во прилог се фотографиите и резултатите од првите две кола. Бистро!
На 26-27.04.2025 година на акумулација Пишица и на 10-11.05.2025 на акумулација Водоча се одржа Лига натпреварот во дисциплина фидер-кафез за 2025 година. Натпреварот се одржа во фер атмосфера и се постигнаа следните резултати во поединечен пласман: 1 место - Марјан Ристиќ од МАК-ДАМ Куманово 2 место - Никола Кметовски од ВАРДАР Скопје 3 место - Перо Стефков од МАК-ДАМ Куманово Бистро! МРФ
На 13.04.2025 година на Тиквешко езеро се одржа Куп на Македонија во дисциплина пливка за 2025 година. На Купот учество земаа 11 екипи со вкупно 33 натпреварувачи. Натпреварот се одржа во фер атмосфера со добар улов и се постигнаа следните резултати: 1 место екипно - МРЕНА 1987 од Крушево 2 место екипно - ВАРДАР од Скопје 3 место екипно - ОСКАР од Кавадарци Иако натпреварот беше во екипна конкуренција, се постигнаа одлични резултати и во поединечна конкуренција, а поединци со највеќе улов на купот беа: 1. Кире Малинков од ОСКАР Кавадарци со 4.920 грама улов 2. Зоран Кожухаров од ВАРДАР Скопје со 4.830 грама улов 3. Марјан Ристиќ од МАК-ДАМ Куманово со 4.710 грама улов Бистро! МРФ
На 08-09.03 и 15-16.03.2025 на реката Треска на Матка се одржаа 4-те кола од Спин лига 2025. Натпреварот протече во најдобар ред, во фер и коректна атмосфера, а победници на во дисциплина спин за 2025 година се: 1. Давор Рашиќ од ЗСРРК ВАРДАР Скопје 2. Борис Аговски од ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје 3. Перица Стојковски од ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје Бистро! МРФ
На 06.10.2024 заврши 15-тиот Јадранско-подунавски куп во риболов на крап и амур кој се одржа на езерото Мавровица од 03-06.10.2024, со натпреварувачи од пет балкански држави.Во лоши временски услови, со неизвесна борба до крај, победата ја однесе екипата СО2 од ЗСРРК Вардар од Скопје, Р. Македонија.Второто место припадна на екипата Team Mojo од Р. Бугарија, а третото место го освоија натпреварувачите од УСР Шаран - Кикинда, Р. Србија.Пехарот за најголема уловена риба го доби третопласираната екипа од Шаран - Кикинда.Честитки за сите натпреварувачи и учесници како логистика за одлично организираниот натпревар.Благодарност до домаќинот Кире - КД Електроника за целосната поддршка од негова страна.Бистро!



