НАТПРЕВАРИ
На 23.10.2024 на езерото Мавровица се одржа првиот државен куп во дисциплина фидер -метод во организација на МРФ.Натпреварот помина во одлична атмосфера со фер однос од сите учесници.Победник на купот е Дејан Николов од Крап Виница, второто место го освои Станислав Јованов од Крап Виница кој воедно ја улови и најголемата риба на денешниот натпревар, крап од 20 кг, а третото место припадна на Томе Моневски од Миа Екофиш Скопје.Во прилог се дел од фотографиите од одржаниот куп.Бистро!
Почитувани колеги, На 27.11.2022 година на езерцето во Градски парк во Скопје се одржа првиот Државен куп на Македонија во дисциплина „фидер“, на кој земаа учество 14 натпреварувачи од повеќе клубови и здруженија. Првото место го освои Марјан Ристиќ, второто место Нино Сидовски и трето место Мики Илиевски. Во прилог фотографии од првиот државен фидер куп. Македонска Риболовна Федерација
На 22.04.2018 и 28.04.2018 на реката Сатеска се одржаа четирите кола од Мушичарска лига 2018. Учество земаа 11 натпреварувачи, а победници беа: 1 место - Јулио Божиноски од РИБАР 2011 2 место - Зоран Трајковски од РИБАР 2011 3 место - Александар Цветановски од РИБАР 2011
На 25.10.2015 на Мавровското езеро се одржа Државниот спин куп на Македонија. На натпреварот земаа учество 18 натпреварувачи, а беа уловени 2 риби од видот клен со должини од 42 и 43 см. Филип Мишевски од РИБАР 2011 Скопје го освои првото место, а Јулио Божиноски од Пастрмка Струга (Охрид) второ место. Трето место не беше доделено. По завршувањето на натпреварот, домаќинот РИБАР 2011 изврши порибување на Мавровско езеро со 45 кг подмладок на пастрмка, набавена од овластениот репроцентар З.З. Охридска Риба. Во прилог е галерија со фотографии и натпреварувачки дневник. Бистро
Во недела, 04.10.2015 година, на патеката на „Градска плажа“ во Дојран, се одржа последното, 5-то коло, од „Супер лига“ на Република Македонија во дисциплина „Пливка“, кое се бодува за состав на репрезентацијата во спортски риболов која ќе не претставува на Светското првенство во 2016 година, што ќе се одржи во Пловдив, Република Бугарија.Репрезентацијата е во следен состав:1. Марјан Ристиќ2. Зоран Митевски3. Горан Цуцуловски4. Филип Таушанов5. Тони Гоговчевски и6. Зоран Кожухаров
Краток извештај од Светско првенство за најмлади категории натпреварувачи U14, U18 и U23, Смедерево 2015
29 Сеп 2015
25529 пати
Во пeриод 03.08-08.08.2015 година, во организација на Сојузот на спортски риболовци на Србија, на каналот на железарницата во Смедерево, се одржа Светско првенство за најмлади категории натпреварувачи U14, U18 и U23.На ова првенство во категорија на натпреварувачи до 23 години, во конкуренција на 99 натпреварувачи од 21 држава, учествуваше и репрезентацијата на Република Македонија во состав:1. Мартин Младеновски2. Рамиз Малику3. Славко Казаков4. Ерџан Шамаковски5. Тео СтојановиќВо конкуренција на натпреварувачи до 14 години учествуваа 10 репрезенации со вкупно 50 натпреварувачи а во конкуренција на натпреварувачи до 18 години се натпреваруваа 16 репрезентации со вкупно 64 натпреварувачи.Учеството на нашата репрезентација е од историска важност за спортскиот риболов во Република Македонија поради фактот што за прв пат една наша репрезентација учествува на Светско…
Во периодот од 10-13.09.2015 во местото Благај во близина на Мостар се одржа 6-тиот Јадранско-подунавски куп во дисциплината “мушичарење“. Купот се одржа на реката Буна, притока на Неретва, позната како природно мрестилиште на ендемската мекоусна пастрмка. Македонија учествуваше со една екипа составена од 3+1 натпреварувачи, избрани согласно постигнатите резузлтати на Државниот мушичарски куп на Македонија 2015. Екипата се пласираше на 13-тата позиција. Во прилог се официјалните конечни резултати и галерија со фотографии.
Од 7-13 септември се одржа светското првенство во риболов во дисциплина пливка во Словенија.Ова се дел од „уловените моменти“ од ова највисоко натпреварување во спортски риболов во светот на кое учествуваа 37 репрезентации од исто толку држави.Македонската репрезентација се претстави одлично до последниот момент, сите натпреварувачи и нивните тренери успејаа да ги совладаат техниките и условите кои беа потребни за овој риболов на една прекрасна вода и река која што ја немаме во наша близина, освојувајки го солидното 23 место во конкуренција од 37 држави со што ја задржаа средината на светската ранг листа на натпреварувањето.



