НАТПРЕВАРИ
Од 10 до 12 јули во Птуј Словенија беше одржан 10-то по ред Балканско првенство (Јадранско-подунавски Куп 2015) во дисциплината „Пливка".На оваа првенство учествуваа 16 екипи од Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словачка и Македонија. Нашата држава беше претставена со 3 екипи и тоа Вардар Марош од Скопје, Пчиња од Куманово и Бистро од Струмица.Во двата натпреварувачки дена се ловеше претежно крап (примероци од 1- 5 кг) а вкупно во двата дена за темини по четири часа се уловија преку 2.5 тони риба.Нашите претставници достојно се претставија иако не вообичаено за нашите терени и тренинг центри - дисциплината „Пливка" (каде што со штек) успеаа да бидат рамо до рамо со другите натпреварувачи од другите држави - поставувајки секој од…
Изминатиот викенд на акумулацијата Мавровица кај Св.Николе се одржа првото коло од крапската лига 2015 во организација на МРФ. Во прилог се извештајот од одржаното прво коло од крапската лига 2015, како и распоредот по групи за второто коло кое ќе се одржи на Крушевското езеро. Во галеријата може да погледнете фотографии од настанот. Бистро
Денес на 14.05.2015 започна првото коло од крапската лига на Македонија во организација на МРФ. Првото коло се одржува на акумулацијата Мавровица и ќе биде со времетраење од 72 часа. Натпреварувачите ги извлекоа следните позиции: 1. Шаран - Мак. Каменица, Флоре и Ристе2. Рибар 2011 - Скопје, Крсте и Филип3. Рибар 2011 - Скопје, Предраг и Васил 4. Св.Стефан - Охрид, Даниел и Ицо 5. Вардар - Скопје, Мартин и Максим6. Вардар - Скопје, Оливер и Зоки7. Рибар 2011 - Скопје, Гоце и Диме8. Бабуна - Велес, Тони и Дејан9. Св. Апостол Петар - Охрид, Арнаудови10. Рибар 2011 - Скопје, Душко и Милчо 11. Еко Спорт Фиш - Скопје, Љупчо и Борче12. празна позиција (екипата од Крушево не пристигна) Бистро
Почитувани, На 05.04.2015 на езерото Шум се одржа вториот Државен мушичарски куп на Македонија во организација на Македонската Риболовна Федерација. На купот земаа учество 11 натпреварувачи и постигнаа следните резултати: 1 место - Јулио Божиновски од ЗСР Пастрмка - Струга, со 22 уловени риби и вкупно 779 бодови 2 место - Драги Бицески од ЗСР Пастрмка - Струга, со 15 уловени риби и вкупно 519 бодови 3 место - Марјан Сотироски од ЗРСРК Рибар 2011 - Скопје, со 11 уловени риби и вкупно 413 бодови Наградата за најголема риба ја доби Илија Јовановски од ЗСР Пастрмка - Струга за пастрмка со должина од 40 см. Во прилог е галеријата на фотографии од натпреварот. Подетални информации за натпреварот може да добиете…
13.12.2014 година во мотелот „Лозар" на езерото „Младост"–Велес се одржа 2-ра по ред „Рибарска средба" во организација на Македонска Риболовна Федерација.Во рамките на прославата беа прогласени најдобри екипи и поединци во спортски риболов за 2014 година, во сите дисциплини и конкуренции:
Во прилог се листите со најдобрите екипи и поединци во спортските рибоовни натпревари за 2014 година.
Во прилог се резултатите од IX Јадранско-подунавски куп 2014 кој се одржа во Тузла, Босна и Херцеговина.
Во прилог се резултатите од Светското првенство во риболов со пливка 2014 кое се одржа во Хрватска.



