ИЗВЕСТУВАЊА

Почитувани, Со особена чест и гордост Ве известуваме дека Македонија и Мавровското езеро оваа година, од 2-ри до 6-ти септември се домаќини на Светско првенство во риболов на крап, едно од најзначајните натпреварувачки случувања во спортскиот риболов на глобално ниво. По тој повод, денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Македонската Риболовна Федерација, Општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово, со што се означи почетокот на бројни активности поврзани со овој голем спортски настан. Претседателот на Македонската Риболовна Федерација, Филип Серафимовиќ изјави: "Со овој меморандум правиме важен чекор кон организација на Светското крапско првенство во Маврово, настан од големо значење за спортскиот риболов и за целиот регион. Ова партнерство ќе овозможи координирана подготовка и врвна организација на првенството. Посебно…
Согласно Правилникот за спортско-риболовни судии и Одлуката на Управниот одбор на МРФ за организирање на полагање за судии, МРФ објавува ПРОГРАМА За полагање на испит за спортско-риболовни судии 1. Полагањето испит за спортско-риболовни судии ќе се спроведе во дисциплините Пливка, Крап, Мушичка, Спин и Фидер, за секоја дисциплина посебно. 2. Спроведување на испитот 2.1. Испитот се врши писмено, со заокружување и дополнување на одговори на поставените прашања и понудените одговори. 2.2. За пресметување на конечните резултати од испитот, прашањата учествуваат со 100 бода. Испитот ќе се смета за положен доколку кандидатот освои минимум 80 бода. 2.3. Практичниот дел е задолжителен дел од испитот и може да се изведува на сите натпревари во организација на МРФ или РЗК каде што има…
Почитувани, Ве информираме дека уплатата за судиска такса за 2026 година изнесува 1.000,00 денари и истата се уплата на жиро-сметка 300000003255065, најдоцна до 20.03.2026 година. Со почит, Македонска Риболовна Федерација

Спортска надеж

02 Фев 2026
446 пати
Почитувани,На 29.01.2026 godina во Македонската Опера и Балет се оддржа 71то издание на изборот на најуспешните спортисти и спортски работници, „Спортисти на годината“ за 2025, а воедно се доделија и 500 стипендии и признанија Спортска надеж на 500 талентирани млади спортисти.На наше големо задоволство, дел од наградените талентирани млади спортисти беа и три млади риболовци, натпреварувачи во рамките на системот на национални натпревари на МРФ, во ранг У-15. Наградените риболовци, добитници на стипендија се: - Веле Лазов од СРК Оскар - Кавадарци (роден 2011) - Тео Дамјаноски од ЗРРСК Св. Апостол Петар - Охрид (роден 2011) - Петар Динов од СРК Оскар - Кавадарци (роден 2014) Бистро!

Соопштение

13 Јан 2026
821 пати
На 12.01.2026 година се одржа работен состанок помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Македонската риболовна федерација, на кој присуствуваше и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. На состанокот беа разгледани повеќе прашања поврзани со примената на Законот за рибарство и аквакултура и со унапредување на условите за рекреативен риболов во Република Македонија. Во рамки на состанокот беше отворено прашањето за можноста за намалување на цената на државната дозвола за рекреативен риболов, при што беше констатирано дека постои подготвеност од страна на министерството да се излезе во пресрет на ова барање. Притоа беше посочено дека за реализација на ваква мерка е потребно извесно време, односно дека не може да се спроведе веднаш, поради потребата од спроведување на соодветни законски…
Почитувани, Во прилог може да го преземете Решението за висина на државната дозвола за 2026 година, со прилози терк. на уплатници и барање за државна дозвола. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Со длабока тага се простуваме од нашиот драг пријател и соработник Кирил Нацевски - Кире Брада, човек кој остави длабока трага во Македонската риболовна федерација и во спортскиот риболов воопшто. Кире Брада долги години беше активен и посветен член на Управниот одбор на МРФ, а својата љубов и знаење кон спортот особено ги вложи како претседател на Натпреварувачката комисија, каде со голема одговорност, правичност и ентузијазам придонесе за унапредување на натпреварувачкиот систем и фер-плејот. Тој не беше само „функционер“, туку и искрен другар, борец за спортот и човек со големо срце, секогаш подготвен да помогне, да советува и да застане во одбрана на вредностите на спортскиот риболов. Неговата посветеност, чесност и човечност ќе останат трајно врежани во нашите сеќавања. Нека…
Почитувани, На 14.12.2025 година на Универзитетот Скопје се одржа 41-вата редовна седница на Собранието на МРФ. На седницата беше презентиран и усвоен извештајот за 2024 година. Се изврши верификација на приемот на нови членки на МРФ и тоа: СТРЕЖЕВО - Битола, КЛУБ ВАРДАР МК - Скопје, ФЕР-ПЛЕЈ РИБОСПОРТ - Скопје, КРАПИ - Куманово, РАДОВИШКИ РИБАР 2025 - Радовиш и КДМ КАПИТАЛЦИ - Св. Николе. По завршување на формалниот дел, се пристапи кон прогласување на победниците од државните лиги во 2025 година и прогласување на спортист на годината за 2025. ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ ЗА 2025 ГОДИНА (ЕКИПНО И ПОЕДИНЕЧНО) ПЛИВКА ЛИГА – СЕНИОРИ ЕКИПНО ПРВО МЕСТО ИМЕ ПРЕЗИМЕ УЧЕСНИК ЗДРУЖЕНИЕ Тони Гоговчевски Натпреварувач ЗСРРК Вардар Скопје Зоран Кожухаров Натпреварувач…

 

 

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:30 - 15:30