ИЗВЕСТУВАЊА
Почитувани љубители на лесниот спин, Ве информираме дека на крајот од август, поточно 31.08 и 01.09 (Сабота и Недела) ќе се одржи државна Спин лига.Во таа насока ги повикуваме сите заинтересирани кои имаат желба да се натпреваруваат и при евентуален пласман да и помогнат на репрезентацијата на Македонија на меѓународни натпревари да се пријават. Секој заинтересиран кој има желба, а му се гледаат сложени постапките што треба да се направат за пријавување слободно нека ме контактира и јас и другите поискусни колеги стоиме на располагање на секој да му помогнеме.Бистро! Натпреварувачка комисија за спин Борис Аговски, 075/223-186 Уплата на котизација: МРФ СКОПЈЕ СПОРТ 300000003255065 Прилози: Календар/програма за Спин лига 2024
Почитувани, На ден 11.07.2024 година, согласно Известувањето од Агенција за млади и спорт со бр.14-938/2 од 05.04.2024, одлуката на Управниот одбор на МРФ од 11.07.2024 за прогласување на ништовни на сите одлуки донесени од нелегалниот УО на МРФ, со оглед на фактот дека тој УО не е избран на легално собрание со потребен кворум, како и одредбите од новиот Закон за рибарство и аквакултура од 03/2024, во кој со распределбата на средствата/приход на МРФ од легитимации за рекреативен риболов, не се предвидени средства за учество на меѓународни спортски натпревари, Управниот одбор на Македонска Риболовна Федерација донесе одлука дека не е дозволено учество на спортски натпревари од меѓународен карактер поддржани од Македонска Риболовна Федерација во 2024 година. Известувањето е доставено до…
Почитувани, Во прилог ви доставуваме Допис од Агенција за млади и спорт во врска со претстојните натпревари во спортски риболов, како и Одлука на валидниот Управен одбор на Македонска Риболовна Федерација за одложување на сите натпревари до разрешување на настанатата ситуација со Вонредното собрание од 24.12.2023 година, со прилог извадок од Централен регистар на РСМ во однос на валидноста на постоечкиот Управен одбор на МРФ. Ве замолуваме за трпение и разбирање за настаната ситуација, ќе бидете информирани за продолжување на спортските натпревари веднаш по разрешување на истата. Со почит, Управен одбор Македонска Риболовна Федерација
Почитувани колеги риболовци, Ве информираме дека на 39-тото Вонредно Собрание на МРФ одржано на 29.06.2024 се избра нов претседател на Македонска Риболовна Федерација, Филип Серафимовиќ, член на ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје. Промената во Централен регистар се изврши на 08.07.2024. Во наредниот период ќе бидат донесени повеќе значајни одлуки за рекреативниот и спортскиот риболов во Република Македонија, за што ќе бидете редовно и транспарентно известувани на овој профил, како и преку веб страната на МРФ. Воедно, остануваме отворени за предлози и соработка од и со сите риболовни здруженија со цел повеќе да допринесеме за развој на риболовот во Македонија. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Поради високиот водостој на реката Бабуна и неможноста да се договори низок водостој на реката Треска за претстојниот викенд како алтернативна патека, првото коло од Мушичарска лига 2023 предвидено на река Бабуна на 04.06.2023 се одложува за 02.07.2023 година. Со почит, Натпреварувачка комисија за мушичка
Почитувани, Во прилог е известувањето за уплата на судиска такса за 2023 година. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Во прилог може да ја преземете Предлог листата на рангирани спортски клубови и рангирани спортисти за 2023. Со почит, МРФ
Почитувани колеги Чест ни е и задоволство да ве известиме дека од оваа година се воведе уште една спортска дисциплина под закрила на Македонската Риболовна Федерација. Минатата година беше формирана посебна комисија за Фидер риболов која организираше државен куп во оваа дисциплина и од оваа 2023 година започнува и лига натпревари во техниката Фидер . Би сакале да ги известиме сите здруженија, членки на Македонската Риболовна Федерација, да ја пренесат информацијата до своето членство, да ги запознаат со правилникот и календарот за Фидер натпреварите за 2023 година и секако доколку има заинтересирани риболовци кои сакаат да се натпреваруваат во оваа дисциплина, да се пријават навремено како би можеле навремено и квалитетно да ја организираме истата. Календарот и пропозициите може да…