ИЗВЕСТУВАЊА
Во прилог може да го преземете Јавниот повик за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовни ревири и рекреативни зони.
Во прилог е предледот на концесионери на ревири и рекреативни зони, како и преглед на водите кои се без концесионер.
Во прилог е предледот на концесионери на ревири и рекреативни зони, како и преглед на водите кои се без концесионер.
Почитувани, Ве известуваме дека одлуките за доделување на концесии се излезени во Службен Весник на РМ на 08.06.2018. Истите може да ги погледнете во прилог на ова известување. ВАЖНО - Сите идни концесионери ИТНО да достават предлог цени до Македонска Риболовна Федерација на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. кои треба да се испратат на одобрување до МЗШВ. Во меѓувреме ќе бидете контактирани од МЗШВ во врска со потпишување на договорите за концесија. Со почит, МРФ
Почитувани, Поради преголем ангажман на натпреварувачите за крапската лига 2018 како и голем број на крапски купови организирани во Македонија и надвор, “Кастинг купот на Македонија” кој треба да се одржи на 03.06.2018 е одложен на неопределено време. Крапска секција датумот на одржување ќе го закаже соодветно со условите и времето и за тоа ќе бидат сите навремено известени. Со почит, Натпреварувачка крапска секција
Известување за Прва спортско риболовна лига - ПЛИВКА 2018 година 3-то и 4-то коло
17 Мај 2018
8099 пати
Почитувани риболовци, Во прилог е известување за Прва спортско риболовна лига - ПЛИВКА 2018 година 3-то и 4-то коло. Со почит, МРФ
Почитувани, Ве известуваме дека трето и четврто коло од Мушичарска лига 2018 ќе се одржат согласно програмата, на 28.04.2018 на истата патека од прво и второ коло, односно р.Сатеска. Саатницата останува иста како за прво/второ коло.Во прилог е програмата за трето и четврто коло. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Ве известуваме дека седницата на 35-то изборно-констутивно Собрание на Македонска Риболовна Федерација ќе се одржи на 29.04.2018 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје (населба Автокомадна) со почеток во 11:00 часот. Право на делегати имаат риболовни здруженија, членски на федерацијата, кои ги имаат подмирено обврските за 2017 година согласно член 23 од Статутот на МРФ до денот на одржување на Собранието. Со почит, Македонска Риболовна Федерација