Со длабока тага се простуваме од нашиот драг пријател и соработник Кирил Нацевски - Кире Брада, човек кој остави длабока трага во Македонската риболовна федерација и во спортскиот риболов воопшто.
Кире Брада долги години беше активен и посветен член на Управниот одбор на МРФ, а својата љубов и знаење кон спортот особено ги вложи како претседател на Натпреварувачката комисија, каде со голема одговорност, правичност и ентузијазам придонесе за унапредување на натпреварувачкиот систем и фер-плејот.
Тој не беше само „функционер“, туку и искрен другар, борец за спортот и човек со големо срце, секогаш подготвен да помогне, да советува и да застане во одбрана на вредностите на спортскиот риболов. Неговата посветеност, чесност и човечност ќе останат трајно врежани во нашите сеќавања.
Нека почива во мир.
Ќе го паметиме со почит и благодарност.
Македонска риболовна федерација



