ИЗВЕСТУВАЊА

СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ

30 Дек 2014
12382 пати
Македонската Риболовна Федерација на сите риболовци им ги честита новогодишните празници и им посакува се најубаво во новата 2015 година. Бистро!

IN MEMORIAM

25 Дек 2014
5003 пати
Ве известуваме дека нашиот мил и долгогодишен другар, член, секретар и претседател на ЗСРЕК "КРАП" Виница Гоце Петровски (Гишел) по кратко боледување почина на ден 18.12. 2014 година на своја 42 годишна возраст.

IN MEMORIAM

24 Дек 2014
4987 пати
На 13.12.2014 година ни замина на ВЕЧЕН риболов еден од најдобрите рекреативни и спортски риболовци од Охрид.Почивај во мир Ангеле Галиот - АЦЕ МАЧКА.За последен пат, мајсторе Бистро!
На ден 18.12.2014 година Градоначалникот на Град Скопје, во соработка со Македонската Риболовна Федерација и УКИМ Институт за сточарство од Скопје, изврши порибување на реката Треска, на потегот под браната Матка, со 50 kg одгледан подмладок на македонска пастрмка со просечна маса од 20 - 50 грама.Подмладокот потекнува од репроцентарот "Мрестилиште Шум" во Струга.
16.12.2014 година на езерото Мантово се организираше порибување од страна на Риболовниот клуб Крап од Радовиш, а во рамките на проектот "Од нас за нас ... - Да го вратиме Крапот на Мантово ! Вакви проекти се реализираат веќе втора година по ред од страна на Риболовниот клуб Крап од Радовиш, а во втора фаза е предвидено порибување со автохтона речна Македонска пастрaмка на река Плаваја и Сирава во општина Радовиш.
Во петокот на 05.12.2014 година, со подршка од градоначалникот на Св.Николе, Зоран Тасев, од страна на Спортско риболовното друштво „Мрена" - Св. Николе и МРФ на вештачката акумулација „Мавровица" се изврши порибување со 35 единки капитални примероци крап во количина од 200 кгр.
Во прилог можете да го преземете Известувањето за полагање на испит за рибари и рибочувари кое ќе се одржи на 26.11.2014 година (среда) во ресторанот “Лејк вју“ во Отешево со почеток во 10:00 часот. Македонска Риболовна Федерација
Македонската Риболовна Федерација доби известување од МЗШВ за последните одобрени цени на риболовни ревири и рекреативни зони кои беа доделени во текот на месец октомври 2014 година. Цените на дозволите за ревирите можете да ги прегледате со преземање на прилогот.  

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00