Информација за државна лига во дисциплина “мушичка“

01 Апр 2026
81 пати

Почитувани натпреварувачи,

Ве информираме дека првото и второто коло од државна лига во дисциплина „мушичка“ ќе се одржи во истиот термин (19.04.2026) на Крушевско езеро.

Измената се прави бидејќи на реката Треска во истиот термин е закажан кајакарски натпревар ИКАС 2026, а воедно е донесена одлука да се започне со развој и на натпреварување во оваа дисциплина и на езерски води.

Целта на Македонската риболовна федерација е постепено воведување на натпревари во дисциплината „мушичка“ и на езера, имајќи предвид дека интенцијата на останатите држави, како и досегашната меѓународна пракса, покажува дека на речиси секое меѓународно натпреварување е вклучено и едно езеро како сектор за натпреварување. Со ова се овозможува нашите натпреварувачи да стекнат искуство во различни услови на риболов и да бидат поконкурентни при настапите на меѓународни натпревари.

Програмата со саатницата ќе бидат објавена дополнително во делот НАТПРЕВАРИ -> НАТПРЕВАРИ 2026 -> ПРОГРАМИ 2026.

Со почит,


Македонска риболовна федерација

 

 

 

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:30 - 15:30