
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Македонската Риболовна Федерација ги информира сите спортски и рекреативни риболовци дека на Мавровско Езеро, од 26.08 до 07.09.2026 година, ќе важи целосна забрана за риболов.

Забраната се однесува на сите видови на риболов и се воведува поради подготовките и одржувањето на 26. Светско првенство во крапски риболов Маврово 2026.

Во истиот период ќе биде ограничена и пловидбата со чамци, кајаци и други пловни средства, освен за надлежните служби и потребите на организацијата.
Ве молиме за разбирање и почитување на мерките.
МРФ Скопје