Почитувани натпреварувачи,
Ве информираме дека првото и второто коло од државна лига во дисциплина „мушичка“ ќе се одржи во истиот термин (19.04.2026) на Крушевско езеро.
Измената се прави бидејќи на реката Треска во истиот термин е закажан кајакарски натпревар ИКАС 2026, а воедно е донесена одлука да се започне со развој и на натпреварување во оваа дисциплина и на езерски води.
Целта на Македонската риболовна федерација е постепено воведување на натпревари во дисциплината „мушичка“ и на езера, имајќи предвид дека интенцијата на останатите држави, како и досегашната меѓународна пракса, покажува дека на речиси секое меѓународно натпреварување е вклучено и едно езеро како сектор за натпреварување. Со ова се овозможува нашите натпреварувачи да стекнат искуство во различни услови на риболов и да бидат поконкурентни при настапите на меѓународни натпревари.
Програмата со саатницата ќе бидат објавена дополнително во делот НАТПРЕВАРИ -> НАТПРЕВАРИ 2026 -> ПРОГРАМИ 2026.
Со почит,
Македонска риболовна федерација