Програма за Супер Лига „Пливка - 2024“ категорија Сениори и У-25 за Прво и Второ коло

09 Мај 2024
301 пати

ПРОГРАМА

за Супер Лига „Пливка - 2024 

категорија Сениори и У-25

за Прво и Второ коло

 

 

            Согласно усвоениот Календар и Пропозициите за Спортско-риболовни натпревари за 2024 година, ја објавуваме програмата за Прво и Второ коло  од натпреварите во Супер Лига дисциплина Пливка.

 

Организатор на натпреварот: Македонската Риболовна Федерација и Натпреварувачката комисија за дисциплина Пливка.

                       

Место на одржување: Тиквешко Езеро, патека Модри Стени

Термин:  18.05.2024 (сабота) –  Прво коло

                             19.05.2024 (недела) – Второ коло

 

            Право на учество во Прво и Второ коло од Супер Лигата имаат сите натпреварувачи кои учествувале во најмалку две кола од Лига натпреварите и уплатат котизација од 4.000ден.

           

            Првите тројца пласирани натпреварувачи, од Лигата, во категоријата У25, стекнуваат право да учествуваат во Супер Лигата.  

 

Првакот од Спортско-риболовната лига „пливка - 2024“, коако и првите тројца првопласирани во Лигата од У-25, не плаќаат котизација за учество во Супер Лигата – 2024.

 

Бројот на натпреварувачи не се ограничува.

 

Пријавување за учесто во Супер Лигата се врши кај претседателот на натпреварувачка комисија „Пливка“, Борче Еленов, на тел: 070 26 27 28 или Техничкиот секретар на МРФ Константин Ѓорѓиески, на тел: 070 330 960, најдоцна до 15.05.2024 год.

 

Уплатата на котизација за учество се врши најдоцна до 15.05.2024 год.  На следната сметка:

            Ж-сметка: 300-0000001910-29        Депонент: Комерцијална Банка – Скопје

Со назнака: Учество во Супер Лига 2024

              

Секој натпреварувач може да има еден капитен, при што исто лице не може да биде капитен на 2 (два) или повеќе натпреварувачи.

 

            На натпреварите во Супер Лигата  за Прво и Второ коло задолжително е поседување на следната опрема:

 

  • Најмалку 2 (две) меч троделни трски со минимална должина од 3.9 мт.
  • Риболовен стол со платформа за нозе.
  • Чуварка од 3.5 мт.
  • Официјални мерици и кофи за прихрана,

        -     Кепче со минимална должина од 3 м.

 

Техниките и приборот кој може да се користи и видовите риби кои се дозволени да се ловат се следниве:

 

            Прво коло: Меч  техника. Ваглер или слајдер . Ловењето несмее да биде на помала далечина од 25 метра. Дозволен е улов на сите видови риби, освен: плашица, дворугаста белвица и сунчаница, кои нема да се бодуваат.

           

Второ коло: Меч  техника. Ваглер или слајдер . Ловењето несмее да биде на помала далечина од 25 метра. Дозволен е улов на сите видови риби, освен: плашица, дворугаста белвица и сунчаница, кои нема да се бодуваат.

 

 

 

              17.05.2024. (петок) 08:00 – 18:00  Официјален тренинг.

 

Саатница за Супер Лигата: (Подготовка 120мин. Ловење риба 240 мин.)

              18.05.2023 (сабота) Прво коло

 

                      До 07:15  пристигнување и пријавување на  натпреварувачите

                            07:15-07:30  извлекување на стартните позиции

                            07:30-08:00  пристап до стартните места

           1 сигнал 08:00  влегување во стартните места

           2 сигнал 08:45  пет минути до контрола на прихраната и мамките

           3 сигнал 08:50  контрола на прихраната и мамките

           4 сигнал 09:50  тешка прихрана

           5 сигнал 10:00  почеток на ловењето риби

           6 сигнал 13:55  пет минути до крајот на  ловењето риба

           7 сигнал 14:00  крај на ловењето риби

                                        15:00  Соопштување на резултатите.

 

    Сатницата за Второ коло, за 19.05.2024 год.  ќе биде иста како за Прво  коло.

 

       За нејасни прашања обратите се до претседателот на натпреварувачка комисија „Пливка“, Борче Еленов 070 26 27 28 или Техничкиот секретар на МРФ Константин Ѓорѓиески 070 330 960.

 

       Судиската комисија ќе го одреди потребниот број на судии.

Ви посакуваме богат улов и БИСТРО

 

                                                              Натпреварувачка комисија – Пливка

                                                                                                Претседател,

                                                                                                БОРЧЕ ЕЛЕНОВ

 

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00